Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојан Костадиновски го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово

Бојан Костадиновски го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово

Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во Соборниот храм „Свети Никола“ во градот.

„Успех и здравје на сите. Трет пат скокам, им посакувам здравје на сите. На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна“, изјави Костадиновски.

Бојан доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница.

Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. 

Слично

Поврзани вести