Бојан Јовановски хоспитализиран во Воена болница
Поради контролни прегледи првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ .
Ова го соопштија од болницата од каде информираат дека Бојан е хоспитализиран поради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази.
– Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба, се вели во соопштението од ГОБ „8-ми Септември“.
Јовановски е донесен в болница од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.
Слично
