Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојаџи: Tатко ми повеќе не е задржано лице, „aртефактот“ си замина дома

Бојаџи: Tатко ми повеќе не е задржано лице, „aртефактот“ си замина дома

Tатко ми повеќе не е задржано лице! „Артефактот“ си замина дома, пишува режисерот Јани Бојаџи на Фејсбук. 

„Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за поддршката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој“- напиша Бојаџи, чиј татко вчера беше приведен, на денот на премиерата на неговиот филм „Ругање со Христос“.

Неговиот татко не е помеѓу седуммината на кои судот денеска им одреди мерка притвор, а кои беа уапсени во истата акција, во која беше проведен и таткото на Бојаџи.


Слично

Поврзани вести