Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богов:Научивме многу од должничката криза

Богов:Научивме многу од должничката криза
-Во последните неколку години, глобалната економија доживеа значителни промени, и во рамки на институционалната структура и во поставеноста на политиката. Сведоци сме на турбуленции во финансиските пазари, пропаѓања на банки и должничка криза која ги зафати економиите во светот и која беше речиси единствена според нејзината големина, а глобалната економија се’“ уште се обидува да закрепне. И по пет години глобална криза, можеме да кажеме дека искусивме многу, и се надевам, научивме многу. Една од главните лекции од кризата беше токму поврзана со темата на конференцијата - потребата од интеракција на политиките како вид на консензус кој произлегува од кризата, рече во своето обраќање гувернерот на Народна банка на Македонија на к онференција за истражување која се организира на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести