Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богов: Новото име нема да ја промени работата на НБРМ

Богов: Новото име нема да ја промени работата на НБРМ
Преименувањето на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Банка на Република Македонија, како што предвидуваат уставните измени предложени од Владата, нема да донесе промени во активностите на централната банка, уверен е гувернерот Димитар Богов. Според него, во европските земји доминираат имиња на централни банки како новото што се предлага. „Преовладува новата опција за името. Во светот имаме Банка на Франција, Банка на Шпанија, Банка на Англија…, така што тој тип на име доминира“, вели Богов. Со промената на името на централната банка ќе се менуваат и банкнотите, но тој процес ќе се одвива постепено - старите банкноти ќе се повлекуваат поради излитеност и ќе се заменуваат со нови, со новото име на банката, појаснува гувернерот. Промената на името на НБРМ е една од осумте уставни измени што ги усвои Владата и кои ќе ги достави до Собранието и на јавна расправа.
Слично

Поврзани вести