Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богов: Јавниот долг не е 51% од БДП!

Богов: Јавниот долг не е 51% од БДП!
Податокот дека јавниот долг изнесува 51% од БДП не е точен, уверува гувернерот на НБРМ Димитар Богов. „Она што ние имавме да го кажеме, го кажавме во вчерашното соопштение. Монетарната политика има јасно зацртани цели и ние тие цели ги исполнуваме во континуитет и ќе ги исполнуваме и во наредниот период. Се додека го кажуваме тоа, нема простор за загриженост“, рече Богов одговарајќи на новинарско прашање. Дискусиите за нивото на задолженост на државата тој ги оцени како главно политички. Јавниот долг на Македонија изнесува 44,8% од БДП, покажаа пресметките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Сепак, во оваа пресметка не влегува најновото задолжување на државата со половина милијарда евра преку еврообврзница. Доколку се додадат и овие пари, долгот на државата, во кој освен долгот на Владата влегуваат и долговите на Народната банка, Македонската банка за обнова и развој, општините и нефинансиските претпријатија, надминува 51% од БДП или над четири милијарди евра, покажаа податоците на ММФ.
Слично

Поврзани вести