Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богојески заразен со коронавирус

Богојески заразен со коронавирус

Петар Богојески од Македонски концепт е позитивен на коронавирус. 

Тој на својот Фејсбук напиша дека утрово се разбудил со симптоми.

„Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција). До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми… Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!! Шала на страна, Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите! Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам!“ напиша Богојески.


Вчера тројца градоначалници објавија дека се позитивни на вирусот. 

Во Македонија вчера имаше рекорден број на починати, дури 30 и нови 947 заразени. 

Слично

Поврзани вести