Богојески за протестот: Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење
Денес е ден Цветници! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам, пишува на фејсбук денеска Петар Богојески од Македонски концепт, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ.
Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите. Под овој слоган денеска во 11 часот, почнa пред Владата протест, во знак на поддршка за осудените за настаните од 27 април во Собранието.
Моментно тами има доста луѓе, а се и првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

Слично
