Богојески за обвинувањата дека се „кодоши“ - Во најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има 8 заштитени сведоци за СЈО
„Реформаторите“ кои покренаа иницијатива за суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ за поголема демократизација на партијата се соочија со обвинувањата дека се „кодоши“ бидејќи наводно дел од нив сведочеле во СЈО, иако вкупно 1200 членови се повикани како сведоци.
Затоа пак, Петар Богојески од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ при гостувањето на Топ Тема на Телма откри фрапантен податок. Според него најмалку осум функционери во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и кои се многу блиску до лидерот Никола Груевски се заштитени сведоци на Специјалното јавно обвинителство.
- Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок, рече Богојески.
- Нашата иницијатива е да ја заживееме партиската структура за да победиме на изборите. Во последниве години услов за напредок во партијата е кој повеќе ќе искодоши некого, дополни Богојески.
