Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОГОЈЕСКИ: Следниов период ќе дојдат многу „тапшачи по рамо“, но ајде да не останеме само тапшани, туку да најдеме решение со Бугарија

БОГОЈЕСКИ: Следниов период ќе дојдат многу „тапшачи по рамо“, но ајде да не останеме само тапшани, туку да најдеме решение со Бугарија

Петар Богојески, прв човек на Македонски Концепт, вели дека со Бугарија треба да се најде решение. Во спротивно, вели тој, во земјава ќе доаѓаат голем број „тапшачи“ по рамо, а нам така ќе ни поминат долги загубени години. 
Еве што пишува Богојески на својот фејсбук профил: 
„Грецко сценарио за „блгарски впроз“.

Ајде да пробаме вака...

Откако си ги измеривме со Бугарите... си кажавме „се што имаме“ да си кажеме... се убивме со „аргументи“ за славното ни потекло... сега доаѓа сметката!!!

Следниов период во МК ќе дојдат уште најмалку 20 професионални “тапшачи по рамо”... 

Се сеќавате колку тапшачи имавме за спорот до Грција?!? Е истото доаѓа!

Бугариве ќе повторуваат иста реченица - “Ние сме за проширување на ЕУ на Балкан, но не по цена на националните ни интереси”! Така ќе поминат 30 години...

Ние тапшани, тапшани... веќе претапшани!

Тие удавени во омраза... демек европејци!

Ајде да најдеме решение!

Бугари како народ не постојат! Постоел некогаш “народот на бугарското Дуло” на Хановите... од тогаш до денес терминот Бугарин е државен / политички идентитет!

Бугарската нација е создадена во 19ти и 20ти век врз база на бугаризмот, како културолошко наследство. Дел од жителите на Македонија (етничка), во еден историски контекст го прифатиле тој политички идентитет и поради тоа денес во рамки на современата македонска нација има 12.000 македонски Бугари!

Македонци како народ не постојат! Постоел некогаш “народот на македонската кралска династија” Агреади и Антипатриди... од тогаш до денес терминот Македонец е територијален, династички и културолошки идентитет!

Македонската нација е создадена во 19ти и 20ти век, врз база на македонизмот, како културолошко наследство! Дел од жителите на Бугарија, во еден историски контекст го прифатиле тој територијално културолошки идентитет и поради тоа денес во рамки на современата бугарска нација има 3 милиони припадници Македонци, родум од Македонија!

Во двете држави денес, постојат граѓани, припадници на современите две нации!

Во Бугарија постојат Македонци, а во Македонија постојат Бугари, во денешна етничка смисла на зборот! На двете страни тоа се по неколку илјади лица.

Согласно ова, Бугарија нема никакво право да бара од нас Македонците да се правдаме за некакво си “отпадништво” од народ кој никогаш не постоел или од нација, чиј дел никогаш не сме биле!

Македонија нема никакво право да бара од Бугарите со македонско потекло, да се правдаат за некакво си “отпадништво” од народ кој никогаш не постоел или од нација, чиј дел никогаш не биле!

Само вака ќе го решиме најтешкото... “јаничарството” помеѓу Македонците и Бугарите! Друго чаре немаме!!!

Клучно прашање за двете нации:

На крај ќе испаднеме и ние и вие “исчукани”... а трет ќе мрси мустаќи!

За “робовите патриоти” кои ќе вриштат и плукаат по ова... немалете тон, ова е премногу комплицирано за вас, да го разберете!!! Ако одиме по ваш памет, 30 години ќе има “чукање” и на крај ние Македонците ќе завршиме како “дочукани”... исто како што завршивме со Грција!

Единствено европски е да се договориме заеднички да го негуваме наследството на бугаризмот во двете држави, како што треба да се договориме со Грција заеднички да го негуваме наследството на македонизмот во двете држави! Ова е вода длабока за Заев, Бучкоски, Димитров... но доколку некогаш изгласате за МКонцепт, тоа ќе биде нашето решение за вековно закопување на секирите на Балканот!“, пишува Богојески на фејсбук. 

Слично

Поврзани вести