Богојески: Новата ера на Груевски потсетува на таа на Милошевиќ
Петар Богојески, еден од Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС посочи дека Никола Груевски ги брани интересите на десетина лица, а чекорите кои ги презема потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ
– „Новата ера“ на Никола Груевски во Македонија се спореди со онаа на Милошевиќ, но во никој случај не може да се зборува за некаква „Нова ера“ за самиот Груевски. Што значи тоа – дали сега ќе имаме „нов Груевски“? Тоа е сосема неразбирливо, не само за нашите гласачи, такво нешто не постои дури и во политичката литература – вели Богојески.
Во интервјуто, Богојески вели дека ако е загрозена политичка кариера на еден политичар, тоа не значи дека иднината на републиката е загрозена.
– Ние не треба да бидеме заложник на неодговорни политичари кои ги претставуваат нашите лични интереси како национални. За нас како ВМРО-ДПМНЕ е многу важен фактот дека без Никола Груевски сакавме да постигнеме многу подобар резултат. За жал, сепак, и покрај нашите предупредувања инаетот на Груевски беше поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство и поради оваа причина е загрозена победата на ВМРО ДПМНЕ во многу општини – вели Богоески, додавајќи дека за разлика од Груевски, кој нема амбиција и достоинство пред амбасадорите, реформаторите градат моќно партнерство со сите што сакаат да помогнат во евроатлантската интеграција на Македонија.
