Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богојески: Мицкоски треба да го разреши Груевски од позицијата почесен претседател

Богојески: Мицкоски треба да го разреши Груевски од позицијата почесен претседател

Лидерот Христијан Мицкоски треба да го разреши Никола Груевски од позицијата почесен претседател, вели поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, за „ Лидер”. 

Смета дека е потребна промена на Статутот на ВМРО ДПМНЕ, во насока на негово суштинско демократизирање, а не шминка. 

„Една од главните точки на сопирање во соработката со Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ при изработка на новиот Статут, беше и остана нашиот предлог, секој функционер на партијата, кој ќе биде правосилно осуден за кривично дело со кое се нарушува неговата чест и углед, а со тоа и на партијата, да биде разрешен од функцијата, па дури и исклучен од членство во истата. Во таа насока, како знак на почеток на практикување на европските принципи и вредности, му предлагам на претседателот Христијан Мицкоски, да побара од Никола Груевски неотповикливо да се повлече од местото почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ или да биде разрешен“, вели Богојески. 

Богојески  е задоволен што  заложбите на внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ стануваат агенда на многу функционери.

Слично

Поврзани вести