Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОГОЈЕСКИ ГИ ВИКА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЛЕВ ТАХОР НА СВОЈОТ ИМОТ ВО КРУШЕВО: Нека презимат кај мене

БОГОЈЕСКИ ГИ ВИКА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЛЕВ ТАХОР НА СВОЈОТ ИМОТ ВО КРУШЕВО: Нека презимат кај мене

Петар Богојески од Македонски концепт им понуди на припадниците на еврјската група Лев Тахор да се сместат на неговиот имот во Крушево.
„Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија! Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!

Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме, вели Богојески.

Тој додава дека оваа група е прогонувана од сите само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам и апелира антисемитизмот да запре.

Групата Лев Тахор последен пат беше сместена во охридското село Лакочереј чии жители најавуваа протесети и се заканија дека нема да ги пуштата децата во училиште.

Еврејската заедница пак побара од надлежните органи да превземат соодветни мерки против оние кои ширеле говор на омраза по повод престојот на ортодоксно религиозната еврејска група Лев Тахор во државава, која како што наведоа во соопштението, е во основа мирољубива и не загрозува никого.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 17 дена, а престојуваа во Куманово, Скопје и сега во охридско.

Слично

Поврзани вести