Богојески: Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите
Петар Богојески од Македонски концепт вели дека е изненаден од тоа како екс премиерот Љупчо Георгиевски површно зборува и нуди решение за сериозно прашање како што е спорот со Бугарија.
Вели дека од него очекувал нешто посуштинско. Според него, коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале „купи ден помини” стил на политика.
„На Македонија и на Бугарија им е неопходно КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ! Не празни приказни, кои проблемите ги оставаат под тепих, за повторно да ескалираат за неколку години, обично на штета на нашата страна. Тоа конечно решение е оставинска постапка, расчистување со наследството на бугаризмот на територијата на Македонија и помирување со македонизмот. Изградбата на историскиот наратив во прилог на македонската државност е многу, многу посеопфатен од „епохата на бугаризмот” во Македонија! Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба! Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите! Ако ние треба да дадеме гаранции дека нема да поддржуваме македонски активности во БГ, тогаш тие треба да дадат гаранции дека нема да поддржуваат бугарски активности во МК! Еднонасочна љубов не е љубов, туку опцесија на еден партнер. Тоа Георгиевски сигурно го знае. Јас знам дека на господин Георгиевски му е близок српскиот рецепт на решавање на етничките прашања на Балканот. Тоа го видовме во 2001 година и потоа во соработката со премиерот Зоран Џинџиќ. Но, за Македонија и Македонците тоа е неприфатливо. Господине Георгиевски, српските сценарија да си ги зачувате за вас и вашиот коалиционен партнер! Идејата да се маркираат историски личности и настани за продажба, а Бугарија да ги цензурира нашите учебници е целосно скандалозна“, пишува Богојески на Фејсбук.

Додава дека предлог решението за јазикот е толку подводливо и наивно, што просто зачудува како може лингвист по професија како Георгиевски, да понуди такво нешто.
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на Фејсбук го коментараше актуелниот македонско-бугарски спор, за кој вели дека е влезен во ќорсокак.
Слично
