Богојески: Доколку билатералните прашања станат ЕУ услов, Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ!
Францускиот предлог за кревање на бугарското вето за Македонија поттикна лавина коментари.
Петар Богојески од Македонски концепт на социјалните мрежи пишува дека е за членство на Македонија во ЕУ, но е против какви бугарски услови во ЕУ протокол.
„Доколку билатералните прашања станат ЕУ услов, Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ!!! Кој сака ЕУ членство, кој е проЕУ определен, кој е напреден и прогресивен… тој ќе биде против „француски предлог” за бугарски услови во ЕУ протокол! Кој сака помирување помеѓу МК и БГ ќе биде против „француски предлог”! Кој сака успех на руски планови за трајно МК - БГ непријателство, кој е антиЕУ проширување, кој е за МК во „руски свет”… тој ќе го поддржи „францускиот предлог”!, наведува Богојески.

Предлогот веќе стигнал во Софија.
