Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски закажа расправа за имунитетот на Вељаноски

Богоевски закажа расправа за имунитетот на Вељаноски

Денеска ќе се расправа за барањето на судот за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, откако претседавачот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања закажа седница во 10.30 часот.

За да може судското барање за притвор кон осомничениот за организирање на настаните на 27 април да се спроведе, мора првин да му се одземе имунитетот на Вељаноски а тоа може да потрае и до пет дена.

Комисијата откако ќе го разгледа барањето треба да достави извештај со мислење до претседателот на Парламентот, Талат Џафери, што може да потрае два дена, а потоа самот законодавен дом има рок од три дена со гласање на мнозинството да одлучува на пленарна судница за пратеничиот имунитет што засега го штити поранешниот спикер од притворање.

Вељаноски е осомничен за тероризам во истрагата на јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а како осомничени организатори веќе се притворени поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.


Слично

Поврзани вести