Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски во студио до Ѓорчев: Со новиот закон, секој ќе може да го посети својот партнер во болница

Богоевски во студио до Ѓорчев: Со новиот закон, секој ќе може да го посети својот партнер во болница

Павле Богоевски во жесток пратенички дуел со Влатко Ѓорчев синоќа во Топ Тема на Телма истакна дека во новиот Законот за спречување и заштита од дискриминација, инаку изгласан вчера во Собранието, нема дефиниција за брак затоа што тоа го има во другите законски прописи.

Ѓорчев забележа дека со тоа што во овој закон не е дефинирано што е тоа брак се отвора врата за во иднина да се признаат истополови брачни заедници, на што Богоевски му одговори дека е комично во ваков тип на законско решение да постои таква одредба затоа што тоа е предмет на регулација во други акти.

- Познавам многу партнери од ЛГБТИ заедницата и кога едниот од нив ќе отиде во болница другиот не може да го посети, а сега со овој закон повеќе нема да биде така. Исто така, повеќе нема да бидат дискриминирани ниту за другите прашања. Тие се дел од Македонија и не можеме да направиме да не постојат - му рече Богоевски на Ѓорчев.

Слично

Поврзани вести