Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски верува во СДСМ, но нема да се зачленува скоро во партијата

Богоевски верува во СДСМ, но нема да се зачленува скоро во партијата

Граѓанскиот активист Павле Богоевски, кој e на кандидатската листа  во првата изборна единица,  денеска во Стајковци изјави дека не планира да се зачлени во СДСМ. 

Вели дека заслугата за таа позиција треба допрва да се одработи и никој не може да се смета за заслужен пред да го реализира тоа што го ветува. 

„Што се однесува до членската книшка, немам намера во овој период или набрзо да извадам членска книшка од СДСМ“ - вели тој. 

Објаснува дека е на листата на СДСМ затоа што верува во таа политичка опција и бидејќи таа партија одлучила да оди со најширока можна коалиција во однос на другите партии. 

Богоевски, кој беше еден од најактивните  членови на „Шарената револуција“, вели дека со одлуката да се најде на пратеничката листа, според него не се оштетени граѓанските организации.

Тој не е единствен, туку на листите има и други граѓански активисти. 


Слично

Поврзани вести