Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски тврди дека Груевски само за роаминг потрошил 184.000 денари кои ќе ги плати државата

Богоевски тврди дека Груевски само за роаминг потрошил 184.000 денари кои ќе ги плати државата

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски обвини дека поранешниот премиер и актуелен пратеник и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од службениот телефон направил сметка од  184.000 денари за роаминг и неа  ја плаќа државата.

„Вчера до мене стигна една фотографија од увид на сметката на службениот телефон на Груевски. Груевски не е премиер веќе колку што знам година дена. Овдека пишува дека од службениот премиерски телефон кој што го плаќа Владата на Република Македонија, во перидоот од 1 март до 1 април 2017 година, значи сега откако почнавме, е направена сметка од над 184.000 денари за роаминг. Не е фер колеги, многу пари ја чиниме оваа држава. Ќе ве замолам да продолжиме со работа“ - изјави Богоевски денеска во Собранието. 

Тој ги повика службите да го проверат овој податок.

Богоевски праша дали оваа сметка е направена за, како што рече, координацијата на партијата која ја водел Груевски додека бил надвор од државата. 

Тој рече дека со реплики е блокирано Собранието и се прикрива криминал. 

Слично

Поврзани вести