Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски: Сакам да го видам Груевски во затвор

Богоевски: Сакам да го видам Груевски во затвор

Сакам да го видам Груевски во затвор, но повеќе сакам судот да го прогласи неговото владеење за криминално, изјави денеска во Собранието пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски. 

„Новата Влада ќе гради Македонија каде што нема да има ваши и наши, вмровци, соросоиди и комуњари“ - рече пратеникот.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше дека ВМРО е константа, сусптанца, која никогаш нема крај. Тој вели дека Македонецот секогаш гласал за ВМРО-ДПМНЕ на избори. Ѓорчев му порача на Богоевски дека треба да ја смени плочата, а тој врати дека кога оние што краделе ќе завршат во затвор, тогаш ќе ја смени плочата. 

Слично

Поврзани вести