Богоевски: Нема да има избори кои ќе бидат организирани од оваа влада
Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски изјави дека нема да има избори кои ќе бидат организирани од оваа влада затоа што таа не е легитимна.
Вели дека нема да се воведува двојазичност, федерализација, бинационалност, ниту пак ќе има промена на националните симболи.
„Цело време зборувте за пост-изборна криза и пост-изборни измами и наводно барате нормален тек. Имаме ужасно блокирана држава, касата се празни, ќе се префрлиме во фактичка блокада“- рече Богоевски.
Тој кажа дека додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со зборовите предавство и патриотизам, очигледно било дека тие не знаат што значат зборовите.
„Предавство е да користите владеење за да крадете“ - рече Богоевски.
Пратеникот додаде дека имаме ужасно блокирана држава, а касата се празни.
Слично
