Богоевски: МВР експресно ги расчистува случаите на прекумерна употреба на полициска сила
За разлика од неказнивоста, која што претходно постоеше во однос на полициските службеници и незаконската примена на сила, денес тие се еднакви пред Законот со останатите граѓани, изјави денеска на прес конференција пратеникот Павле Богоевски.
„За разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на прекумерна употреба на полициска сила, денешното раководство на МВР експресно ги расчистува и истражува случаите на прекумерна употреба на полициска сила и незаконска примена на овластувања. Доказ за тоа се и брзите расветлувања на случаите на полициско пукање во Струмица, како и на незаконска прекумерна употреба на полициска сила врз ненасилни демонстранти во Скопје“ - вели тој.
Според него, постојните механизми и законската регулатива, треба да се надградат и треба да се прошират, во насока на истражување на прекумерна примена на полициска сила и зголемена транспарентност на истрагите.
