Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски: Кризава е добра за да се види кој од нашите херои од детството повикуваат на војна

Богоевски: Кризава е добра за да се види кој од нашите херои од детството повикуваат на војна

На социјалните мрежи веќе се повикува на граѓанска војна затоа што наводно Зоран Заев ги потпишал сите барања на албанските партии. Меѓу нив има и многу познати поддржувачи на власта. Пратеникот Павле Богоевски посочи дека оваа криза може да биде и добра за сите националисти да излезат на површина.

- Кризава излезе дека е добра работа. Можеш да видиш точно кој од твоите херои од детството се всушност националистички продадени душички кои повикуваат на граѓанска војна, секогаш кога тоа му одговара на малиот диктатор, напиша на Фејсбук Павле Богоевски.

На социјалните мрежи се шири статусот наводно напишан од актерот Владо Јовановски кој рече дека ќе има војна и праша колку чини да се купи пластичен експлозив на црно.


Слично

Поврзани вести