Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоевски: Благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава

Богоевски: Благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава

Пратеникот Павле Богоевски кој денеска објави дека си поднесува оставка од пратеничката функција, попладнево преку Фејсбук порача дека му било чест изминативе две години да ѝ служи на државата.

„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, напиша Богоевски.


Оставката на Богоевски прв ја поздрави премиерот Зоран Заев. Рече дека тоа е храбар потег. Од ДУИ позитивно гледаат на чекорот на Богоевски. Велат доколку помине нивниот ветинг, можно е повеќе функционери да мора да си заминат.

Оставката на Павле Богоевски дојде на стартот на седницата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања со која тој претседаваше и на кој требаше да почне постапката за одземање на мандатот на екс премиерот Никола Груевски, поради 6 месечно неоправдано отсуство од Собранието.

За Богоевски беше објавена „бомба“ од лицето под псевдоним Илија Громовник, но тој тврдеше дека не нарачува наркотици, туку  масло од канабис за негов близок. 

Слично

Поврзани вести