Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоев: Срамно е Карпошани во најурбаниот дел да имаат инфраструктурни проблеми

Богоев: Срамно е Карпошани во најурбаниот дел да имаат инфраструктурни проблеми

Стефан Богоев, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, при посетата на граѓаните од  Карпош 1 во близина на Градскиот парк посочи дека е недозволиво граѓаните од најурбаниот дел да имаат инфраструктурни проблеми со власт која нема слух за нив.

„Не сум дојден тука да ве лажам и да се расфрлам со ветувања. Но, заедно со мојот Тим ве уверувам дека ќе започнеме со решавање на проблемите. Ова се основни инфраструктурни проблеми и е срамно карпошани, во најурбаниот дел, во близина на последната зелена оаза – Градскиот парк, да живеат во вакви услови, напомена Богоев.

„Во недела одлучуваме меѓу два концепта. Од една страна е Програмата за зелен Карпош, заштита на зеленилото во нашата општина и авангардни проекти за сите граѓани, а од друга страна е концептот на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е урбаната мафија, сечата на дрвја, носење ДУП-ови во затворена и нетранспарентна постапка“ вети Богоев.



Слично

Поврзани вести