БОГОЕВ: СОЛИДАРЕН КАРПОШ ПОДАВА РАКА
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на Фејсбук напиша дека улицата Атинска не потсетува на солидарноста која Атина ја покажала кон Карпош, сега е време ние да одговориме.
„Општина Карпош ќе отвори пунктови за донација, по повод пожарите во Република Грција. Во текот на утрешниот ден ќе ја објавиме локацијата на пунктовите и временскиот период во кој ќе може да се донира. Службите на Општината заедно со активисти и хумани граѓани ќе организираат и дежурства во претстојните денови“ - напиша Богоев.

Во Грција трет ден беснеа пожари кои однесоа многу човечки животи.
Слично
