Богоев: Јасно е дека ги штитите криминалците
Јасно е дека ги штитите криминалците. Тоа е најголемо велепредавство, изјави денеска во Собранието Стефан Богоев, пратеник од СДСМ.
Тој од собраниската говорница побара од претседавачот, Трајко Вељаноски да се почитува Уставот и Деловникот и да се одблокира парламентот. Пратеникот на Вељаноски му рече дека е должен да овозможи нормално функционирање на Собранието и избор на собраниски спикер.
„Во име на земјоделците, на социјалците, во име на пензионерите, на моите другари, во име на вашите деца и внуци, дајте да го одблокираме Собранието, дајте да избереме претседател, да го спречиме егзодусот на младите“- вели Богоев.
Тој рече дека е време државата да оди напред.
Слично
