Богоев ги жали студентите со лошата исхрана, Стеванаџија му вели дека ручал со Боки 13
Стефан Богоев, лидерот на младинската организација на СДСМ од собраниската говорница побара што побрза да се одблокираат процесите за да се формира нова влада и на тој начин веднаш да се работи за подобрување на стандардот на студентите.
- Еве, вчера што јадеа студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите јадат бајат компир и евтина, недоварена виршла, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат да се добие нова Влада. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последната брана, пречка на патот на правдата, диригирани од Груевски, од плажите на Малта. Апелирам уште еднаш, престанете со силување на Парламентот, оставете ја Македонија да дише слободно! Оној што згрешил - ќе мора да одговара - порача Богоев.
Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ на дрзок начин му возврати на Богоев дека друг пат пред да реши да зборува во име на студентите и нивните оброци да се потсети на скапите ручеци со Боки 13 со кои што се фали по социјалните мрежи, но не даде конкретен одговор за проблемите на студентите.
