Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоев ги најави првите мерки против загадувањето на Карпош

Богоев ги најави првите мерки против загадувањето на Карпош

Стефан Богов, новиот градоначалник на општина Карпош, ги најави првите мерки против загадувањето и плановите за поддршка на еко проекти. Богоев вети дека на на терен се пронаоѓаат дивите депонии кои најчесто се палат и се санкционираат прекршителите, а исто така и инспекциските служби ја проверуваат хигиената околу градилиштата.

Освен решавањето на проблемот со паркирањето, Богоев на прес конференција истакна дека веќе имал средба со активистите од Карпош 3 и Карпош 4 кои подолго време протестираа против урбанистички планови. Тој најави дека ќе се формира стручен тим од правници, архитекти и други стручни лица, кои ќе треба да ги проверат урбанистичките планови.

Во Карпош и понатаму ќе се гради , но во помалку развиените делови каде има простор општината да се шири, како што се Бардовци, Злокуќани, Зајчев Рид и просторот кај касарната „Илинден“.

Стефан Богоев, најави дека проблемот со недоволно паркинг места со кој се соочуваат одредени делови од Општината, ќе се решава со еко-паркинзи, односно со монтажни платформи. Како најпроблематични во однос на паркирањето, Богоев ги посочи просторот кај Млечен ресторан и кај Порта Влае. Паркингот за жителите на општина Карпош ќе остане бесплатен.


Слично

Поврзани вести