Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоев: Дали Мицкоски се договарал со Касами околу неговата идеа за промена на македонските химна и знаме?

Богоев: Дали Мицкоски се договарал со Касами околу неговата идеа за промена на македонските химна и знаме?

Потпретседателот на СДСМ и директор на Царинската управа, Стефан Богоев прашува дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  се договарал или преговарал со тетовскиот градоначалник Билал Касами околу неговата идеја за промена на македонските химна и знаме. 

Богоев во својата објава на социјалните мрежи додаде дека лидерот на БЕСА, Билал Касами стана градоначалник на Тетово токму со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека граѓаните чекаат одговори.


Богоев го постави прашањето алудирајќи на вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека по следните избори, ДУИ ќе замине во опозиција, а како можен коалиционен партнер доколку победи ја спомна албанската опозиција.

Претходно, Касами во гостување на Тв Сител рече дека е многу важно химната да ја рефлектира реалноста во државата. 

Слично

Поврзани вести