Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоев: Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина

Богоев:  Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина

Стефан Богоев, кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ посочи дека Нерези е место на стари скопјани, карпошани и тука мора да има подобар и поубав живот за сите.

Тој на средбите со граѓани во Нерези рече и дека во 21 век граѓаните се соочуваат со елементарни проблеми. Немаат вода за пиење, канализација, осветлување, нема безбедни улици.

Покрај основните инфраструктурни решенија, Богоев напомена дека Нерези ќе добие и детско игралиште, како и Културно – едукативен центар сместен во просториите на урбаната заедница на Нерези.

- Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина на локално ниво. Без разлика на верска или национална припадност граѓаните сакаат да продолжат да живеат заедно, без поделби и етикети. Затоа што сите имаме исти проблеми, сите сакаме локален економски развој и младите да ги задржиме во својата земја. Ветувам дека ќе креираме политики кои обединуваат, овозможуват развој на мултикултаризмот во Карпош и Скопје и намалување на младинската невработеност преку поддршка на бизнис идеи и отворање на старт ап центри, рече Богоев.

Слично

Поврзани вести