Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоески: Груевски лаже дека е прислушкуван и сака да побегне од одговорност

Богоески: Груевски лаже дека е прислушкуван и сака да побегне од одговорност

Јас мислам дека Груевски лаже дека е прислушкуван, како што лажеше дека УБК не вршела следење на комуникациите, дека странски служби тоа го правеле и некои жолти комбиња се шетале, а некој лепел и монтирал, изјави поранешнот прв разузнувач Слободан Богоески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. 

Богоески вели дека доколку прислушувањето е вистина, Груевски како поранешен премиер ја знае постапката, може да објави, може да поднесе пријава за незаконито прислушување и следење на комуникациите. Тој не верува дека сега некој би се осмелил незаконски да прислушува по оние скандали кои излегоа во јавноста. 

„Моја проценка е дека сака да побегне од сопствената одговорност, како човек кој е обвинет за тешки дела, сака да се покаже како политичка жртва и да го сврти вниманието од своите злодела. Му требаат вакви трикови во очи на изборите. Тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња и мисли дека луѓето му веруваат“ - изјави Богоески.

Тој вели дека во вакви околности, при ваков силен притисок на јавноста во земјава и меѓународната јавност кога треба да се расчисти незаконското прислушување, никој не би се осмелил повторно да врши незаконско прислушување. 

Слично

Поврзани вести