Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богданци објави продажба на градежно неизградено земјиште

Богданци објави продажба на градежно неизградено земјиште
Продажба на градежно неизградено земјиште,сопственост на Република Македонија, предвидено за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, како и на фабрики за производство и дистрибуција надвор од населено место, денеска објави општина Богданци. Предмет на продажба се четири градежни парцели со вкупна површина за градење од 13.205 метри квадратни и бруто развиена површина од 39.453 метри квадратни.Продажбата ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање со почетна цена од 150 денари за квадрат. На јавното наддавање може да учествуваат сите правни и физички лица чии пријави ќе бидат доставени најдоцна до 6-ти декември. Електронското наддавање ќе се изврши на 11-ти декември во времетраење од половина час.
Слично

Поврзани вести