Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановски ќе биде независен пратеник, но ќе го поддржува владејачкото мнозинство - превирањата во ДОМ нема да влијаат врз позициите во Парламентот

Богдановски ќе биде независен пратеник, но ќе го поддржува владејачкото мнозинство - превирањата во ДОМ нема да влијаат врз позициите во Парламентот

Централниот одбор на владејачката партија ДОМ им изгласа недоверба од местото потпретседатели на партијата, но тие ќе останат на своите функции.

Мирослав Богдановски е пратеник, а Ана Петровска е директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Пратеникот Мирослав Богдановски, кој јавноста го памети и по тоа што дојде во парламентот во скафандер за да гласа за законите од петтиот пакет економска поддршка, најавува дека и понатаму ќе го поддржува владејачкото мнозинство и владата, а нема намера ниту да ја напушти партијата, во која е веќе петнаесетина години. Сепак, тој за медиумите ја обвини обвинува актуелната претседателка на патијата Маја Морачанин дека се однесувала диктаторски.

Морачанин, пак, за медиумите изјави дека недовербата е изгласана од Централниот одбор, а не од неа, затоа што овие двајца подолго време правеле опструкции во партијата.

Во ДОМ има превирања подолго време, но ситуацијата ескалираше со барањето за вонреден конгрес.

Претседателката се согласила Централниот одбор да расправа за барањето, но синоќа, на самата седница, дневниот ред е сменет и првин се разрешени потпретседателите.

Од четири потпретседатели на ДОМ, останаа двајца, Бети Дејанова и Христа Најданов. На Дејанова не ѝ е изгласана недоверба, иако и таа била дел од иницијативата за вонреден конгрес. Сега, во рок од 30 дена, партијата би требало да ги пополни двете празни места.

Слично

Поврзани вести