Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасниот вирус ќе го победиме само ако се почитуваат препораките: Градоначалникот Богдановиќ порачува

Опасниот вирус ќе го победиме само ако се почитуваат препораките: Градоначалникот Богдановиќ порачува

Битката со коронавирусот ќе ја добиеме само ако се дејствува заеднички и доколку сите без исклучок ги почитуваат протоколите и мерките за заштита, односно препораките од здравствените  власти, иостакнува во денешното интервју, градоначалникот на Општина Центар, Саша Боградновиќ. Потенцира дека во рамки на самата општина ги преземаат сите активности за безбедност и заштита на граѓаните.

-Спроведивме повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршивме и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивме гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно – образовни установи на територијата на општината. Секојдневно нашите вработени се на терен и едукативно влијаеме на граѓаните да ги почитуваат мерките. Им помагавме на повозрасните жители на Центар кои преку отворена телефонска линија имаа можност да побараат да им се достави храна или лекови. Заедно со здружението Хуманост и Банката за храна поделивме околу 30 тони храна на примателите на социјална помош, пензионерите со ниски примања, згрижувачките семејства и домовите за стари и изнемоштени лица. Училиштата во Центар подготвија и посебен протокол за упис на нови првачиња, со што целосно се гарантира безбедноста и здравјето на учениците, родителите и вработените во училиштата, вели градоначалникот Богдановиќ во денешното интервју.

Слично

Поврзани вести