Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ ветува енергетско-ефикасни фасади за помали сметки за струја во Центар

Богдановиќ ветува енергетско-ефикасни фасади за помали сметки за струја во Центар

Фасади кои се распаѓаат, кровови кои што прокиснуваат е сликата на многу згради во Пролет најстарата населба во општина Центар.

Кандидатот за градоначланик во скопската општина Центар Саша Богдановиќ ветува дека ќе го продолжи проектот за  енергетско-ефикасни фасади а не барок како што тоа го правеше Коце Трајановски, вели Богдановиќ.

Енергетско-ефикасните фасади ќе го задржат автентичниот изглед, и според Богдановиќ тие користат помалку енергија за затоплување и за ладење.

Тој посочи и дека со ова сметките за струја ќе бидат помали за една третина а дополнително со намалената количина на електрична енергија се чува и животната средина.

Општина Центар рече Богдановиќ ќе помогне и за реновирање на покривите на старите објекти.


Слично

Поврзани вести