Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Tреба преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која владее кај одредени луѓе во СДСМ

Богдановиќ: Tреба преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која владее кај одредени луѓе во СДСМ

По соопштенијата на СДСМ во врска со наводното промовирање на српскиот свет во Македонија и инсталации на српскиот претседател Александар Вучиќ, поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ одговори за прозивките. 

Тој вели дека последниве прес-конференции на СДСМ се како да ги пишува некој задоеник со усташка идеологија, наследник на врховистичка балистичка идеја таргетирајќи еден народ и една земја која секогаш имала братски пристап кон Македонија. 

„Се напаѓа политика на независна држава, претседател на држава избран од народот, српски компании кои доаѓаат и работат во Македонија. Ваквите напади и конструкции се продолжение на делувањето на идеали кои не биле препознатливи за партија која негувала антифашистичка идеологија. Како припадници на српската заедница секогаш сме давале придонес за развој во разни полиња во државата и така ќе биде и во иднина но, очигледно на некоја група во СДСМ, која најверојатно треба да се докаже на некој србофоб и србомразец, свесно од рани утрински часови па до доцна навечер во речиси секоја втора или трета објава споменува српски, Србија, Срби итн. Мислам дека треба во иднина преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која очигледно владее кај одредени луѓе во СДСМ“, наведува Богдановиќ. 

Тој во последно време го критикува раководството на опозициската партија. Оттаму го нарекоа поранешниот градоначалник на Центар „Координатор на СНС за Македонија“ и дека ја продал партијата за пари.

фото Фејсбук/Саша Богдановиќ

Слично

Поврзани вести