Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Станбени објекти во Центар ќе се градат само на безбедни локации

Богдановиќ: Станбени објекти во Центар ќе се градат само на безбедни локации

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ИЗИС,Влатко Шешов денес остварија средба на која договорија редовна месечна соработка.  
На оваа средба тие решија Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да мислење за техничките прописи и ќе се бара инвеститорите доследно да се држат до безбедносните параметри и во фаза на изградба, но и во фаза на користење на објектот. Ова е со цел да се градат и живеат во посигурни и побезбедни објекти.

Овој договор е направен по добиената петиција од страна на сопственици на куќи кои се помеѓу улицата „Партение Зографски“ и хотелот кај Клинички со барање да не се издаваат одобренија за нови објекти, поради нестабилноста на теренот.

Тие велат дека се чувствуваат крајно небезбедно бидејќи при најмал потрес или поголеми дождови буквално им се тресат куќите.

„Нема да дозволам на места како за скокалници да се градат станбени објекти“, посочи градоначалникот Богдановиќ.

Мора да се почитуваат основните параметри и затоа во моментот надлежните и комисиите во општина Центар вршат ревизии на сите ДУП–ви. Посебно внимание ќе се обрне на ДУП-те за Водно, за да се испита каде тлото е порозно и склоно на слечишта. Овој дел, како и целиот Центар се преизградени и од урбанистички плански аспект мора да има целосна заштита. Ќе се прават детални микро локациски испитувања кои ќе бидат доказ за стабилноста на својата и на околните градби.


Слично

Поврзани вести