Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Продолжува процедурата со издавање градежни дозволи

Богдановиќ: Продолжува процедурата со издавање градежни дозволи

Актуелниот урбанистички план ќе се активира и општина Центар ќе мора да продолжи да им дава градежни дозволи според истиот на градежните претпријатија кои планираат да градат на одбележаните маркици, потврди градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, откако Уставен суд вчера привремено го укина мораториумот за забрана за градење што го донесе локалната самоуправа.

Во меѓувреме општинските органи ќе мора да издаваат дозволи за градба според постоечкиот урбанистички план. Уставниот суд ја донесе одлуката по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Градежните комори подолго време на јавни настани истакнуваа дека мораториумот во Центар му носи голема штета на градежниот бизнис.

- Ќе ги искористиме сите правни механизми за да го вратиме Мораториумот на сила, а до тогаш градежните претпријатија ќе можат да продолжат да бараат дозволи за градба врз основа на актуелниот ДУП штом ќе ја добиеме одлуката од Уставен суд. Ние можеме да им ги враќаме тие барања за дозволи, но тоа ќе повлече управни спорови и не е решение. Во нашата одлука беа неведени сите причини орецизно за Деталниот урабнистички план. Многу пати образложував дека единствен спас за градежниот хаос во општината е само преку мораториум. Процедурите ќе продолжат кога официјално ќе ја добиеме одлуката од Уставен суд. Актите се донесени и секој може да си поднесе барање за да продолжи со процедурата за барање за градежна дозвола - рече денеска Богдановиќ на свиканата прес-конференција по повод последниот акт на Уставен суд.

Ваквата судска одлука предизвика огорченост кај еко-организациите, кои реагираа дека ова дело е „под влијание на урбаната мафија“.

Слично

Поврзани вести