Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Полека но сигурно се размонтирува режимот на Груевски кој го силуваше Центар

Богдановиќ: Полека но сигурно се размонтирува режимот на Груевски кој го силуваше Центар

„Правдата е бавна, но е достижна. Скандалозното кршење на просториите на Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски од тогашниот премиер Никола Груевски се случија во 2013 година. „Бомбата“ во која Груевски бара шамари и протести пред Општината Центар ја објавив јас во 2015 година, а ја слушна целата македонска јавност и пошироко.

Еве сега после четири години од срамниот скандал му се суди на Никола Груевски за извршеното демолирање и насилство во општината“, изјави денеска Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на општина Центар.

Според Богдановиќ правото треба да е над сите нас и над сите партиски интереси. Правната држава е темел на здраво општество, а затоа и се боревме - да имаме ред и поредок, рече тој.

Богдановиќ нагласувајќи дека Судот треба да ја штити и да ја брани правдата посочи дека полека, но сигурно се размонтирува режимот на Груевски кој го силуваше Центар и кој си ги зароби правдата и правната држава за свои лични и партиски интереси. 

Имено, денеска требаше да се одржи рочиште во врска со случајот за насилството во Центра.

Судењето е одложено на 20 ноември поради немање услови односно отсуство на еден од обвинетите.

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара на следното рочиште обвинетиот Димче Крстев да биде стражарно приведен.

Слично

Поврзани вести