Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ негативен на Ковид-19, останува во самоизолација

Богдановиќ негативен на Ковид-19, останува во самоизолација

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ е негативен на Ковид-19 објави попладнево на фејсбук. Богдановиќ се тестираше откако излезе позитивен тестот на секратарот на општината

„По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за КОВИД 19. Во изолација останувам до втор негативен тест. Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на КОВИД 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена, напиша Богдановиќ.

Додаде дека на секретарот му посакува брзо и лесно заздравување. 

„Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките, вели Богдановиќ.

Слично

Поврзани вести