Богдановиќ на состанок со Групацијата за лифтови при Стопанска Комора на РМ
Kaндидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска остварија средба со претставници на Стопанската Комора на Македонија - групација за лифтови.
„На територија на општина Центар постојат голем број на стамбени згради, постари од 25 години и во овие згради повеќето лифтови се амортизирани и неупотребливи, а одржувањето на истите е релативно скап и сложен процес кој паѓа на товар на самите станари во зградите. Со оглед со тоа што станарите, односно Куќните совети не се во можност да обезбедат средства за редовен сервис и нивна поправка, во својата програма предвидувам општината да излезе во пресрет на овие Куќни совети и да го субвенционира процесот на ревитализација и нивно оспособување“ - изјави Богдановиќ.
Оставаме простор за соработка со групацијата за лифтови при Стопанската Комора на Република Македонија и заедно да изработиме Студија за состојбата на лифтовите, потребните зафати и начин на реализација на овој проект, додава Богдановиќ.
