Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Ќе се бориме против лудилото наречено „Скопје 2014“

Богдановиќ: Ќе се бориме против лудилото наречено „Скопје 2014“

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ денеска на прес-конференција изјави дека секој обид да се смени и сантиметар од ГТЦ ќе претставува сквернавење на идентитетот на Скопје, кој беше жртва на проектот „Скопје 2014“. 

Тој вели дека борбата не застанува тука и дека ќе се борат против лудилото наречено  „Скопје 2014“. 

„Желбата да се промени изгледот на објектот кој се уште е задолжителна лекција на Архитектонскиот факултет и за кој македонските архитекти предводени од Живко Поповски освоија бројни меѓународни награди се еднакви на лудило. Јас сум особено среќен и горд што во изминативе 4 години, успеавме заедно со граѓаните и преку референдумот, но и правно со преставката што ја имавме до Уставен суд да ја спречиме барокната фасада и измената на изгледот на ГТЦ“- вели Богдановиќ. 

За него ГТЦ е симбол на Скопје и како таков не треба да се менува. 

Слично

Поврзани вести