Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдановиќ: Буџетските средства ќе се користат строго наменски

Богдановиќ: Буџетските средства ќе се користат строго наменски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, денеска вети транспарентно и отчетно работење, отворена и функционална општина и одговорна и ефикасна администрација.

- Ветувам дека заедно со вас граѓаните Центар ќе ја направиме отворена и функционална општина. Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени и квалитетни услуги. Жителите на Центар ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, изјави Богдановиќ.

Најави и вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта, како и Отворен ден за граѓаните еднаш месечно.

- Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното. Ќе креираме интерактивна, отворена и функционална веб-страница. Општинска администрација ќе биде одговорна и ефикасна и секогаш сервис на центарци, рече Богдановиќ. 


Слично

Поврзани вести