Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОГДАНЦИ ГЛАСА: Засега нема регистрирано неправилности

БОГДАНЦИ ГЛАСА: Засега нема регистрирано неправилности

Гласањето на референдум  во Богданци тече без проблеми. 

Граѓаните се изјаснуваат  „За” или „Против”  продолжување со работата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината. Излезени се скоро 50% од гласачите, а во 19 часот гласањето ќе заврши. 

Од општинска изборна комисија велат дека гласањето тече регуларно. Гласањето започнало навреме, во 7 часот кога се отворени 12-те избирачки места, и нема нерегуларности. Во Општина Богданци право на глас имаат 6.918 гласачи кои се запишани во избирачкиот список.

За референдумот да биде успешно спроведен неопходно е на гласањето да излезат минимум половина од избирачите,  плус еден од запишаните избирачи. 

Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која  е дефинитивна, а општинските власти ќе мора да ја спроведат. 

На 18 месецов за рудникот Казандол,  на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.

Слично

Поврзани вести