Богдан Илиевски ноќеска доживеал сообраќајка во автомобилот на другар
Еден од најгласните демонстранти и организатори на „Граѓанската иницијатива“ Богдан Илиевски синоќа доживеал сообраќајка.
Имено, според неговите објаснувања на социјалната мрежа Фејсбук синоќа на пат за дома во близина на млечниот ресторан Силбо бил во автомобилот на негов пријател заедно со неговиот брат и седел на задното седиште.

Одеднаш пред да свртат накај Силбо со голема брзина биле удрени од црн мерцедес. Од силниот удар мерцедесот се вртел неколку пати и застанал а тие морале да излегуваат преку вратите кои биле свртени нагоре.
„50 метра пред вртењето за Силбо од средна во десна лента, уредно со сигнализација и брзина по пропис (што е и нормално кога треба да вртиш), од позади со голема брзина не удира црн мерцедес, без свирење, без ништо. Шибал во трета лента, имал доволно време малку да не избегне и да не удри на ќошот на автомобилот. Слушнав само тресок, не ми беше јасно што се случува, се вртевме неколку пати и застана колата. Луѓе моментално дотрчаа на помош, излеговме прекачувајќи се преку вратите кои беа свртени нагоре“, пишува Богдан приложувајќи и фотографии од незгодата.

Според описот на Богдан, лицето кое го управувало црниот мерцедес било малолетно, но сепак не било под дејство на алкохол.
Илиевски пишува и дека нема гребнатинки и дека е добро, никој да не се секира.
