Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богдан Илиевски: Никому никогаш да не му се повтори

Богдан Илиевски: Никому никогаш да не му се повтори

Oткако доби амнестија попладнево, Богдан Илиевски еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ се огласи на Фејсбук. 

„395 дена подоцна... Фала му на Бога,  фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори. Само слободата е правда. Да ја има, за сите невини. Да сте живи и здрави, да живее Република Македонија!“, стои во објавата на Фејсбук. 


Илиевски заедно со Борис Дамовски и Владо Јовановски  се тројцата за коишто попладнево Кривичниот суд, одлучи да бидат амнестирани за настаните од 27 април лани во Собранието, кога толпа упадна и тепаше пратеници. 

Слично

Поврзани вести