БОГДАН ИЛИЕВСКИ: Ковачевки потрошил 22.435 денари за 24 часа за Фејсбук реклами за само еден ден, за да ве убедува дека е вреден и успешен!
„Вашиот омилен инфлуенсер потрошил 22.435 денари за 24 часа, на 16 април, за фејсбук реклами, за да ве убедува дека е многу јак, спремен, паметен, вреден и успешен. 366 евра за еден ден.
Парите со кои некои луѓе минуваат цел месец ги троши во еден ден. На фејсбук реклами. За да ви каже дека е толку добар што сите тоа го гледаат и го знаат.
2452 евра за една недела.
9855 евра за еден месец.
23162 евра за три месеци.
Имајте на ум кога купувате макарони поефтини за 4 денари.
Патем, платата му е/беше 1500 евра. Сега со 78% покачување, можеби ќе почне и по 500 евра на ден да троши. Има се, може се.
*податоците се од Мета/Фејсбук.“ напиша тој на својот профил.
Слично
