БОГАТИ СКОПЈАНИ: Кои се нашите сограѓани чии годишни бруто доходи се 7,4 милиони евра, пет и 3,4 милиони
Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019 денари, односно дури 7,4 милиони евра годишен бруто доход.
Од УЈП велат дека доходот е остварен по сите основи од даночната пријава.
Втор на листата на лица со најголеми доходи е исто така човек од Скопје, чии вкупен годишен бруто доход изнесувал близу 5 милиони евра.
На третата позиција е тетовчанец, со доход од 4 милиони евра, а на четвртата позиција повторно има скопјанец со 3,4 милиони евра.
Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.
Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.
За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616.024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.
Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947 денари (16.535 евра), а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535 денари (74.317 евра) И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираше денеска Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105.200.322 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток,трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање изнесува 63.263.316,00 денари на годишно ниво за извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143 денари.
Н.Н.Ф.
