Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОГАТАШИТЕ УШТЕ ПОБОГАТИ: Смена на врвот, а овие имиња се најдоа на листата 500 најмоќни луѓе

БОГАТАШИТЕ УШТЕ ПОБОГАТИ: Смена на врвот, а овие имиња се најдоа на листата 500 најмоќни луѓе

Богатството на 500 најмоќни луѓе на светот е зголемено за дополнителни 1000 милијарди долари во 2017 година, бидејќи заработиле четири пати повеќе отколку во 2016 година.

Јанкењето на пазарот на акции е клучна причина на 23-процентен раст на нивно богатство на вклупно 5300 милијарди долари од 4400 милијарди долари од 2016-та, покажаа податоците кои ги собра Блумберг.

Во самиот врв на листата на Блумерг „500 најбогати луѓе на светот“ , дојде до пресврт, бидејќи Бил Гејтс, кој од 2013 година е рангиран како најбогат човек на светот, од првата позиција го „Лизна“ Џеф Безос од компанијата Амазон.

Безос заработил најмногу пари во изминатите 365 дена, бидејќу неговата сметка е „подебела“ за 34,2 милијарди долари. Тој моментално поседува имот вреден 99,6 милијарди долари, со што го помина Гејтс за 8,3 милијарди долари.

На листата се и 57 поединци од технолошкиот сектор кои заедно заработиле 262 милијарди долари.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е на петто место на листата, а богатството му се зголемило за 45 отсто на 22,6 милијарди долари.

Најголем број милијардери потекнуваат од САД, поточно 159, кои оваа година заработиле 315 милијарди долари и заедно поседуваат богатство бредно 2000 милијарди долари.

На листата се и 38 кинески богаташи кои заработиле најмногу во 2017 година, бидејќи нивното богатство е зголемено за 65 отсто или 177 милијарди долари. Зад нив следат Индијци кои за 43 отсто се побогати.

Свое место на листата најдоа и 27 руски богаташи кои заработиле 29 милијарди долари и сега поседуваат 275 милијарди долари.

Во меѓувреме, 58 милијардери претрпеле загуби во оваа година, бидејќи нивното богатство е намалено за 46 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести